Избери услуга
Избери ја услугата што сакаш да ја резервираш
Маникир
Средување на ноктна плочка, чистење на кутикули со машинка и професионални ноктни производи, полирање и по желба лакирање со обичен лак или лак за зацврстување на ноктите.
Гел лак на природни нокти
Маникир, вадење на претходен гел лак, целосно средување на кутикули и ноктна плочка, нанесување нов гел лак.
Наливни нокти (Гел)
Подготовка на ноктната плочка и кутикулите, налевање со гел, формирање на ноктите, боење и декорација по желба.
Типс со декорација
Поставување типс со претходно средување на ноктите, боење и декорација по желба.
Парафин или колаген маска за дланки
Хидратантен третман со парафин или колаген маска за меки, негувани и хидрирани дланки.
Педикир (Професионален / Медицински)
Професионален медицински педикир кој вклучува третман на враснати нокти, жуљеви, тенчење на задебелени нокти, третман на габична инфекција, отстранување стари нокти кои го попречуваат растот на новиот, средување кутикули, обработка на пети, пилинг и релакс масажа на стапалата. Доплата: Парафин или колаген маска – 500 ден
Естетски педикир
Потопување на стапалата во вода со сол, сода, гел или колагенски гел, средување и сечење на нокти, кутикули, обработка на пети и калуси. Доплата: Колагенска маска или парафин – 500 ден Доплата: Гел лак – 500 ден
Гел лак на стапала (без педикир)
Средување на нокти и кутикули и нанесување гел лак без услуга педикир.
Налевање / Надоградба на нокт на стапало
Налевање или надоградба на еден нокт на стапалото.
