Твоите клиенти закажуваат сами. Ти работиш.
Зошто онлајн закажување
Престани да губиш време на повици и запишување термини.
Без NajdiTermin
- Телефонот ѕвони додека работиш со клиент
- Термините се во тетратка, на Viber и на ливчиња
- Клиенти што не доаѓаат и не јавуваат
- Двојно закажани или заборавени термини
Со NajdiTermin
- Клиентите закажуваат онлајн, ти само го гледаш календарот
- Еден календар за тебе и за целиот тим
- Автоматска потврда и потсетник пред терминот
- Историја на секој клиент и на неговите резервации
За 5 минути
Три чекори до онлајн закажување
Без инсталација, без договор, без картичка. Регистрираш, внесуваш услуги и го споделуваш линкот.
- 1
Регистрирај го бизнисот
Внеси услуги, цени и работно време. Профилот е активен веднаш.
- 2
Додај тим и поврзи календар
Секој вработен има свој распоред. Поврзи Google Calendar ако веќе го користиш.
- 3
Сподели го линкот
Стави го линкот за закажување во Instagram, на Facebook, во Google профилот или на визитката.
Што гледа клиентот
Закажување за неколку секунди, без сметка
Клиентот не мора да се регистрира. Доволни се име и телефон.
- 1
Го отвора твојот линк
На телефон или компјутер, од Instagram, Google или порака.
- 2
Избира услуга, вработен и термин
Гледа само реално слободни термини според твоето работно време.
- 3
Потврдува
Добива потврда по е-пошта и може сам да откаже или презакаже.
Или го прашува AI асистентот
„Има ли слободно во сабота попладне за шишање?“
Асистентот на страницата за закажување предлага конкретен термин, клиентот го потврдува со еден клик.
Функции
Сè што ти треба за термините, на едно место
Без непотребни модули. Само она што го користиш секој ден.
Страница за закажување
Јавен профил со услуги, галерија, работно време и копче „Закажи“.
Календар
Дневен и неделен преглед, рачни резервации, паузи и слободни денови.
Тим
Посебен распоред за секој вработен. Клиентот бира кај кого ќе дојде.
Клиенти
Листа на клиенти со историја на резервации, се полни автоматски.
Потврди и потсетници
Автоматска е-пошта при закажување и потсетник пред терминот.
Известувања
Push известување на телефон за секоја нова, променета или откажана резервација.
Google Calendar
Синхронизација со календарот што веќе го користиш.
Извештаи
Резервации, најбарани услуги и активност на тимот.
За кого е
Направено за бизниси што работат со термини
Ако клиентите ти закажуваат по телефон или на Viber, NajdiTermin е за тебе.
- Берберници
- Фризерски салони
- Козметички студија
- Салони за убавина
- Масажа
- Спа и велнес
- Физиотерапија
- Естетски третмани
- Стоматолошки ординации
- Медицински клиники
- Фотографи
- И секој друг бизнис со термини
На телефон
Работи како апликација на телефон
Инсталирај ја NajdiTermin на почетниот екран и имај го календарот секогаш при рака.
- Android и iPhone, без App Store и без ажурирања
- Push известување за секоја нова резервација
- Истиот календар на компјутер и на телефон
Цени
Јасни цени, без скриени трошоци
Започни бесплатно. Платен пакет бираш дури кога ќе видиш дека ти одговара.
Пробен период
30 дена со сите функции на Основен, без картичка.
Бесплатно
- Страница за закажување
- Календар и клиенти
- Google Calendar
Основен
За бизнис каде едно лице ги води термините.
20 €месечно
- 1 профил на сопственик
- Неограничени услуги
- Извештаи и галерија
Про
За салон или тим со повеќе вработени.
25 €месечно
- Сопственик + 3 вработени
- Распоред по вработен
- Клиентот бира вработен
Дополнителен вработен во Про: +5 € месечно. Годишно плаќање носи два месеци попуст.
Целосна споредба на пакетитеПрашања
Често поставувани прашања
Почни денес
Пушти онлајн закажување уште денес.
Регистрирај се сам за 5 минути или пиши ни и ние ќе ти го поставиме профилот. Бесплатно.
